Познатиот неврохирург од болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо, д-р Митре Милошевски преку својот ФБ профил упати апел до граѓаните да се вакцинираат. Тој во објавата пишува:

Ве молам и ве повикувам да се вакцинирате што е можно побрзо и согласно планот за вакцинации.
Особено ве молам да не наседувате на антивакциналните пропаганди. Ок. Прифаќам. За се има ризик, во медицината има статистика но ве уверувам дека ако не се вакцинирате многукратно е поголем ризикот да се разболите и да не даде Господ од лош исход во однос на тоа да си се вакцинирате.
Од срце ви посакувам успешна вакцина и што побрзо заеднички да го победиме ова зло, напиша д-р Митре Милошевски на ФБ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.