Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков изјави дека нема да има заедничко одбележување со Република Северна Македонија на годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај. Министерот очекува оние кои сакаат да отидат на неговиот гроб во Северна Македонија да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се прославуваше роденденот на војводата:

„Ќе организираме прослави во Бугарија за Гоце Делчев, бидејќи во оваа фаза не мислиме дека има општи прослави. Нема да правиме со нив таму, бидејќи минатиот пат немаше заедничка прослава. Се надеваме дека амбасадорката на РСМ ќе присуствува на одбележувањето што ќе го направиме овде во Бугарија, а бугарските граѓани кои сакаат да отидат, не можеме да ги предупредиме да не одат, но мора да знаат дека може да наидат на пречки“, изјави Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, пренесува Трибуна.

„Сега ме загрижува тоа што минатата недела поднесоа обвиненија против Томе Блажевски, кој е претседател на охридскиот културен дом „Цар Борис Трети“, откако буквално истите обвинувања беа поднесени и против Љупчо Ѓоргиевски од центарот во Битола. Доколку во одреден момент овие обвинувања бидат потврдени од судот, тогаш ќе ги добиеме можеби и првите политички затвореници во Република Северна Македонија. Кривичниот законик предвидува од 1 до 5 години за вакви дејствија. Во истото време, пироманот Алабаковски истакнува дека се гордее со криминалното дело што го извршил. Тоа зборува за атмосферата. Тоа зборува за ситуацијата што е создадена таму“, вели првиот дипломат на Бугарија Николај Милков.