Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ги одмери силите со Финска, а потоа ќе има и тест против Азербејџан. Овие натпревари треба да послужат како подготовка за новиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024.

Advertisements

„Натпреварите против Финска и против Азербејџан се еден вид генерална проба пред квалификациските натпревари за ЕВРО 2024 кои стартуваат во март. Финска е квалитетен ривал, тие се дел од вториот квалитативен барабан и ќе биде одличен тест за нашите можности во моментот. Во групата за ЕВРО 2024 имаме квалитетни селекции и потребни ни се вакви тестови“, изјави селекторот Милевски.

Стефан Ристовски вели дека и покрај заморот, сите репрезентативци се фокусирани и посакуваат победи на пријателските мечеви.

„Дали чувствуваме замор од сезоната? Да, особено јас во Динамо имав многу натпревари почнувајќи од јуни. Но, можеби за некои играчи кои имаат слаба минутажа ќе дојдат добро. Не треба да бараме алиби, треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост. Овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме. Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добродојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да ја добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари“, изјави Стефан Ристовски.

Натпреварот на „Тодор Проески“ во Скопје се игра во терминот од 18:00 часот.

Прикажи повеќе