При денешната посета на Стопанска комора на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што претседателот Пендаровски вели дека не ги разбира аргументите на ВМРО-ДПМНЕ зошто се против уставните измени истакна дека претседателот Пендаровски во моментот коленичи за да добие втор мандат и за да биде поддржан од СДС и ДУИ а важно за ВМРО-ДПМНЕ е тоа што повеќе од 80 проценти од граѓаните разбираат и се против уставните измени.
„Ние го разбираме претседателот Пендаровски, затоа што претседателот Пендаровски во моментот, коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДС и ДУИ и мисли дека на тој начин ќе биде повторно избран, што мислам дека му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достоинство, но, тој нека продолжи да коленичи, нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80 проценти од граѓаните во Македонија, а дали Стево Пендаровски не разбира, тоа е негов личен проблем и можам да ви кажам дека и воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски не разбира или не“ нагласи Мицкоски.