Лионел Меси има неограничена почит кон Пеп Гвардиола. Напаѓачот на ПСЖ има долг контакт со шпанскиот техничар во годините кога aргентинецот настапуваше за Барселона.

Advertisements

Меси во интервју за „Универзо Валдано“ не се двоумеше да го пофали тренерот на Манчестер Сити.

„Тој му нанесе голема штета на фудбалот. Неговиот метод тики-така беше многу успешен и сите се обидуваа да го копираат. Гвардиола има нешто посебно во гледањето на натпреварите, нивната подготовка и нивната комуникација“, изјави Меси.

Пеп Гвардиола и Меси беа заедно четири години, од 2008 до 2012 година, каде изградија тим кој освои 14 титули од можни 19.

Прикажи повеќе