ПРИНЦОТ Хари и Меган Маркл објавија клип во кој зборуваат за нивната свадбена прослава, која досега беше криена од очите на јавноста, како најава за вториот дел од нивната документарна серија на Нетфликс.

Во краткото видео кое Нетфликс го објави вчера на YouTube, Меган и Хари покажаа фотографии од свадбената прослава и открија дека го танцувале првиот танц на песната Land of a 1000 dances.

“Сакав музиката да биде навистина забавна. Дури и песната за нашиот прв танц. Беше одлично”, рекла војвотката.

Вториот дел од документарната серија од шест епизоди ќе биде објавен на Нетфликс на 15 декември.