Рускиот тенисер Даниил Медведев беше во одлична форма, но не успеа да му парира на Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен.

Ѓоковиќ славеше убедливо со 7:5, 6:2, 6:2 и со тоа стигна до 18-та Грен слем титула и деветта во Австралија.

“Никогаш не е лесно да се зборува по поразот во финалето на ГС. Честитки за Новак и неговиот тим. Играв со Новак кога бев 500-ти или 600-ти на АТП-листата. Бевме во Монако, тој тогаш го освои Вимблдон – бев срамежлив и мислев, тој нема да разговара со мене. Дојде и разговараше како да сме пријатели. Тој не го смени тоа во ниту еден момент. Тој е огромен спортист”, рече Медведев и додаде:

“Ова беа три добри месеци. Се надевам дека ќе го имам Грен слемот во мои раце. Во еден момент сите мислевме дека турнирот нема да се одржи, но сфативме дека без карантин нема да има ниту турнир. Сакам да му се заблагодарам на публика, не беше лесно, но сепак си тука, среќен што гледаш тенис. Сакав натпреварот да биде подолг, но денес не ми беше денот “.