Мишел Фурние, осуден француски масовен убиец, починал во затворска болница.

Фурние кого француските медиуми го прогласија за чудовиште од Арден, е осуден во 2008 година за силување, обид за силување и убиство на седум жени на возраст меѓу 12 и 22 година.

Серијата убиства траела од 1987 до 2001 година, а 79 годишниот Фурние кој би во затвор близу две децении во саботата во кома бил пренесен во болница поради срцеви и респираторни проблеми, пренесува Ројтерс.

Осуден бил на две доживотни затворски казни, а во 2018 година повторно е осуден поради убиство на еден мафијаш во затворот.

За време на судењето, убиецот признал дека го фасцинирале невини девојчиња, бил уапсен во 2003 година откако 13 годишно девојче избегало од него и повикало полиција.