Немам обдукциски наод, немам отпусна листа… и нема мучканици? Вака Викторија Крстеска, родилката од Битола чие бебе почина при породувањето пишува на социјалните мрежи за нејзиниот случај.
„12 дена сум дома, а сѐ уште не сум испишана од болницата!? Сѐ уште мојата историја ја нема. И нема мучканици? Или народски речено, ‘чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме сѐ да е подмачкано’…. Не кажувате ништо, ниту за комисијата…“, пишува Крстевска.
На 10 април, само два часа по породувањето во битолската болница починало бебето на 24-годишната Крстеска. Таа имала нормална бременост. Министерот за здравство Фатмир Меџити тогаш најави дека случајот итно ќе биде испитан.