Уредувачката политика на Твитер засега не се менува и политиката за уредување на содржините останува иста, најави Илон Маск, откако за 44 милијарди долари ја купи оваа социјална мрежа.„Да бидам премногу јасен, сè уште не сме направиле никакви промени во содржината на политиките за умереност на Твитер“, твитна Маск.

Во нов твит тој порача дека „секој кој бил суспендиран поради сомнителни причини, ќе биде ослободен од Твитер затворот”.

Потенцијалните промени предизвикаа внимателност кај регулаторите и ги поделија корисниците на Твитер. Некои се загрижени дека Маск ќе ги ублажи правилата што ги регулираат говорот на омраза и дезинформациите. Дел од нив сметаат дека претходната управа ја ограничи слободата на говор со претерано ригорозните правила.За потсетување, раперот Кање Вест беше суспендиран од Твитер поради антисемитски коментари.