Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетик се одлучи за нов главен тренер. Марселино Гарсија Торал во наредниот период ќе го води клубот од Билбао. Постигнат е договор за соработка до 30 јуни 2022 година.

Последната работа на Марселино беше во Валенсија, која ја напушти во 2019 година. Тој исто така бил тренер на Виљареал, Севиља и други шпански клубови.

Педесет и петгодишниот Шпанец има 416 натпревари – 320 во Ла Лига, 54 во Купот на Шпанија, 42 во европските купови.

Поранешниот тренер на Атлетик, Гаиска Гаритано доби отказ по победата над Елче со 1:0 во 17. коло од Ла Лига.

Во моментов, баскискиот тим е на 9. место на табелата во шпанскиот шампионат со 21 бод. Во следното коло го очекува дуле со Барселона.