Најугледниот шпански весник „Марка“ тврди дека Лионел Меси ќе остане во Барселона, иако се уште нема најава за продолжување на договорот, кој истекува по оваа сезона. Многу пати во изминатиот период се шпекулираше дека Меси ќе замине во Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола или ПСЖ, но „Марка“ тврди дека тоа нема да се случи и покрај тоа што Аргентинецот пред почетокот на оваа сезона инсистираше да замине.

Како најголем аргумент на „Марка“ во анализата со состојбата на Меси е заминувањето на претседателот Жозеп Бартомеу.

Воедно блиски извори до семејството на Меси тврдат дека Аргентинецот бил изреволтиран од премногуте шпекулации дека тој ќе потпише за ПСЖ или друг клуб, што секако наводно не биле вистинити, па решил да докаже со останување дека сето тоа е лага.