Најтиражниот шпански спортски весник „Марка” во анализа на влијанието што кошаркарите од некогашните југословенски простори го имаат во денешно време во НБА лигата наведува дека доколку Југославија сè уште постоеше како држава ќе ја прекинеше доминацијата на САД во светот на кошарката.

Во својот авторски текст новинарот на „Марка” Гиљермо Гарсија пишува дека екипа предводена од Никола Јокиќ „би била страв и трепет на меѓународната сцена и сериозно би ја довела во прашање доминацијата на Американците”.

Во идеалниот тим составен од кошаркари од просторите на поранешна Југославија во изборот на „Марка” се Милош Теодосиќ (Србија), Горан Драгиќ (Словенија), Василије Мичиќ (Србија), Богдан Богдановиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија) Бојан Богдановиќ (Хрватска), Немања Бјелица (Србија), Никола Јокиќ (Србија), Никола Вучевиќ (Црна Гора), Јусуф Нуркиќ (БиХ), Данило Шариќ (Хрватска) и Никола Милутинов (Србија).