„Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат државата. Не, тоа не се граѓански протести, тоа се насилства кои имаат една цел: Македонците да страдаат и да не одат напред со европскиот современ свет.

Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија.

Оваа власт покажала и докажала дека демократскиот глас е исклучително важен и дека македонските идентитетски црвени линии никогаш не се и нема да бидат предмет на преговори“, напиша на својот facebook профил Маријан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи и поранешен раководител со владиниот комуникациски сервис.