„Денес е еден од поубавите денови и посебно сум среќен што Марио е дел од мојот тим.
Големата желба на Марио која ми ја посочи во неговиот дом, а тоа е да работи со спорт, од денес е реалност.
Марио е наш колега и ќе работи во одделението за јавни дејности во делот на спорт и спортски настани.
Марио е најпозитивно и најмило дете што го имам запознаено и уште на првата средба ме освои со неговата харизма. Тој е јасен пример дека спортот го разубавува животот.
Марио е момче со големо срце. Упорноста и неговото храбро срце буткаат големи препреки, ја прават Македонија горда и директно допринесуваат Општина Бутел да остане најспортска општина во државата.
ЈУНАК“, се вели во соопштението на Општина Бутел.