Манчестер Јунајтед со втора победа над Нотингем Форест (2:0) го потврди пласманот во финалето на Карабао купот. „Ѓаволите“ по шест години ќе се борат за трофеј во Англија.

Јунајтед славеше со 0:3 и на првиот меч, па сега само потврди дека е многу поквалитетен тим. Ентони Марсијал во 73. минута погоди за 1:0, а три минути подоцна Фред го постави конечниот резултат. Во големото финале ќе се сретнат со Њукасл.

Прикажи повеќе