Манчестер Сити е незапирлив во последните месеци, па на 27 мечеви во низа немаат пораз, а врзаа дури и 20 победи по ред. Веднаш се поставува прашањето дали четата на Пеп Гвардиола ќе успее да го сруши светскиот рекорд или да постави нов.

Бразилскиот клуб Коритиба го држи рекордот со 24 последователни победи остварени во периодот помеѓи 3-ти февруари и 5-ти мај 2011-та година.

Следниот меч „Граѓаните“ го играат против Вулверхемптон на 2-ми март, па следува градското дерби на 7-ми март против Јунајтед.