Искусниот голман Том Хитон се врати во Манчестер Јунајтед.

Хитон претходно беше во договор со Манчестер 13 години, а сега 35-годишниот фудбалер се врати на „Олд Трафорд“, бидејќи неговиот договор со Астон Вила истече и тој ќе биде член на „црвените ѓаволи“ до 2023 година.

Хитон има три настапи за репрезентацијата на Англија, а бранеше и во Кардиф Сити, Бристол, Барнли и Астон Вила.

“Како дете, поминав 13 години тука и мило ми е што се вратив. Ова е неверојатно чувство и навистина сум возбуден. Го доживувам ова како фантастична можност и мислам дека сè уште имам што да покажам, рече Хитон.

Она што е сигурно е дека тој нема да може да стигне до единицата покрај Давид де Геа и Дин Хендерсон, па се претпоставува дека тој ќе ја има улогата на трет или втор чувар на мрежата, доколку Шпанецот замине како што се шпекулира.