Манчестер сити, актуелниот англиски шампион, во минатото работел спротивно на правилата. Како што објави Премиер лигата на својата веб-страница, Манчестер сити ги прекршил финансиските прописи, покажала истрагата на независната финансиска комисија. Клубот се товари за финансиски прекршоци од сезоната 2009/2010 до сезоната 2017/2018.

Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите на Премиер лигата.

Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелниот шампион оваа сезона би можело да му бидат одземени неколку бода, што автоматски би го исфрлило од трката за титулата.

Манчестер сити веќе имаше забрана во 2020 година кога не можеше да донесе играчи две години, но арбитражната комисија ја поништи оваа одлука. Тогаш проблематично беше финансиското работење во периодот 2012-2016 година./Makfax

Прикажи повеќе