Малите и средни претпријатија ќе имаат на располагање 100 милиони евра поволни кредити обезбедени преку Европската инвестициска банка. Кредитите ќе се реализираат преку комерцијалните банки со каматна стапка од 1,6 отсто за првите 50 милиони евра. Директорот на развојната банка Кире Наумов, појасни дека првично ќе се повлечат 50 милиони за кои веќе е дефинирана каматната стапка од страна на Владата, а за останатите 50 милиони допрва ќе се одлучува со каква каматна стапка ќе бидат понудени.

Advertisements

„Максилмалниот износ за кредитите кои се наменети за инвестиции ќе изнесува до три милиони евра, рок на отплата до 12 години со вклучен грејс период од две години. За ликвидност максималниот износ е 666 илјади евра, рок на отплата три години со вклучен грејс период од шест месеци. Неколку индустрии Европската инвестициска банка ги има класифицирано како жолти зони или на пример не може да користат кредит градежните компании од оваа линија“, изјави Кире Наумов- Директор на Развојна Банка.

„Развојната банка ќе соработува со комерцијалните банки за брзо да ги распредели овие фондови на локалните бизниси кои што ќе имаат корист од поволните услови од страна Европската инвестициска банка. Со ова ќе ги решаваме јазовите со ликвидноста за потребата од краткорочен обртен капитал како и долгорочните инвестиции на бизнисите на патот кон економското закрепнување и раст“, нагласи Лилјана Павлова- Потпретседателка на ЕИБ.

Прикажи повеќе