Поранешниот висок функционер Максим Димитриевски кој отворено застана против преговарачката рамка и францускиот предлог со вакви точки и ваква форма уште еднаш се огласи на социјалните мрежи. Тој порачува да се протестира, но да нема насилство и навреди на етничка основа.

-Не мавај, не фрлај по ПОЛИЦАЕЦОТ, не е виновен тој, тоа се истите луѓе кои ја бранеа државата во 2001ва, во кумановско Диво Насеље и ако е потребно повторно ќе ја бранат.

Виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат нашата МАКЕДОНИЈА и се однародуваат.

– ДА за демократски протест!

– НЕ за насилство, конфликти, говор на омраза и навреди на етничка основа!

Ние единствено на овој свет се делиме на добри и лоши луѓе.