Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници:
– ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата.
– Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата.
Министерството за надворешни работи продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.