Натпреварите на македонската фудбалска репрезентација ќе може да се следат со негативен ПЦР тест во Букурешт, објави ТВ21.

„Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт.

Досега правилото во Романија беше ПЦР тест на секои три дена. За време на натпреварите ќе има публика, но нема да биде исполнет целиот капацитет на стадионот поради коронавирусот.

Билетите за македонските навивачи кои сакаат да го гледаат дебито на македонската репрезентација од денеска треба да се пуштени во продажба, како што објави УЕФА на својата интернет-страница за влезници за Евро 2020.