Сите 11 македонски претставници по одиграни пет од предвидените девет кола на Европското младинско првенство во шах во Анталија постигнаа забележителни резултати, а за издвојување се настапите на Емил Ристески, Антон Златков и Моника Жежовска.

Златков во категоријата до 16 години од можните пет освои четири бодови и во моментов е на 10 место во конкуренција на 103 шахисти.

Во категоријата до 18 години, Ристески по воведните пет кола освои 3.5 поени и се наоѓа на 18 место од 85 учесници.

Жежовска во категоријата на девојчиња до 14 години со освоени 3.5 поени од максималните пет е на 17 место во конкуренција на 76 шахистки.