Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години доживеаа пораз од Исланд во последниот меч на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Нашите ракометарки беа максимално рамноправни со врсничките од Исланд, па регуларниот дел заврши без победник 28-28. Поради ова се шутираа пенали во кои подобро се снајдоа гостите и со вкупно 32-30 дојдоа до петтата позиција на овој турнир.

Ивана Џатевска со шест гола беше најефикасна во македонската репрезнетација, еден помалку даде Андреа Седлоска.

Кај Исланѓанките листата на стрелци ја преводеше Елварсдотир со осум погодоци.