Звучи неверојатно, но  вистина. Една кутија од лекарството „Копренеса“ од 2 милиграми, што се припишува на пациенти со зголемен крвен притисок, во Скопје чини 230 денари, додека во аптеките во Врање, Србија, цената се движи од 190 до 200 динари!, анализира „Пресинг ТВ“.

Едно евро во Врање се менува за 117 динари, што значи дека лекарството чини околу 1,5 евра, а во Скопје над 3,5 евра. Со тоа што бројот на таблети е ист, различна  е големината на пакувањето.

Дилемата е дали во Скопје лекарството се увезува од производителот „Крка“ од Ново Место, Словенија, или од српската „Крка-Фарма ДООЕЛ. Но, од каде и да се набавува разликата во цената не може да се објасни. Ако се набавува од Словенија, транспортот и евентуално ДДВ-то, па и големината на пазарот и маржата може да бидат товар, но тие не можат да ја оптоварат цената со над 100%. Тука е и прашањето зошто истото лекарство истовремено не се набавува и од Србија, па граѓаните да имаат избор?

Разлика во цените во Скопје и Врање има речиси кај сите лекарства.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.