По натпреварот помеѓу Шкупи и Санта Клара, во Конференциската лига на УЕФА, тимот од Чаир со екстра засилување. Репрезентативецот на Македонија Марјан Радески го засили нападот на овој тим.

Минатата сезона Радески беше дел од тимот на Академијата Пандев, а беше на списокот на Македонија на ЕП 2020.

На 256. настап во досегашната кариера, Радески постигна 61 погодок и забележа 21 асистенција.

-Голема чест и огромно задоволство е да играм за тим како Шкупи. Секој играч би сакал да биде дел од амбициозен клуб како што е Шкупи, скоро секоја година, се бореше и цели кон титулата шампион. Дојдов тука за да им помогнам на соиграчите и заедно ќе се бориме за првото место, вели Радески.