Фудбалската репрезентација на Македонија не ги плати скапо поразите од Грузија и Бугарија во Лигата на нациите затоа што падна само едно место на најновата ФИФА-листа.

Нашиот национален тим на листата објавена во октомври се наоѓа на 65-тата позиција. Претходно, „рисовите“ беа на 64 позиција на светското рангирање. Околу нас се наоѓаат Исланд, Словенија, Јамајка, Албанија, Јужна Африка, Иран…

На првото место на светската листа се наоѓа Бразил, пред Белгија и Аргентина кои ја комплетираат најдобрата тројка. Потоа, следат Франција, Англија, Италија, Шпанија. Холандија, Португалија и Данска./Gol.mk/

Прикажи повеќе