Повеќе од една година нема серум против беснило во државата, а од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека причината се проблеми во тендерските процедури за набавка, кои се во надлежност на Министерството за здравство, објавува РСЕ.

Серумот е неопходен бидејќи при секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило.

Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ вели сепак серумот против беснило не се дава по автоматизам во секој случај и дека не е неопходно да се даде за беснило по каснување од куче, било да се кучиња скитници или миленици.

Дополнително, вели, во државава во изминативе повеќе од 40 години нема регистрирано беснило, но признава дека одредени количини мора да имаат на располагање.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.