Медиумите од соседството со помош на „македонски кујни“ пласираат лажни вести дека ФФМ е во преговори со тренери од странство за селекторската позиција на А-националниот фудбалски тим, пишува порталот Дриблинг.мк.

Дриблинг.мк дознава дека ФФМ не преговара со ниту еден можен кандидат за селекторската позиција на националниот тим, се додека не ги заврши преговорите со Игор Ангеловски на кого договорот му завршува кон крајот на годината.

Порталот пишува дека ФФМ нема намера да преговара со никого се додека не ги слушне условите од Ангеловски за продолжување на соработката.

-Лажни се вестите за Роберт Просинечки кои ги сервира лоби од домашната сцена за притисок врз федерацијата, пишува Дриблинг.мк.

Целиот текст прочитајте го на Дриблинг