Сениорите со победата против Чиле (32:29) се пласираа во главната групна фаза на Светското првенство во Египет.

Македонските најдобри ракометари ќе бидат дел од новата група „4“ каде ќе бидат селекциите на Русија, Белорусија и Словенија.

Термините за натпреварите во главната група 4 се 20, 22 и 24 јануари. По две најдобропласирани репрезентации од четирите главни групи ќе продолжат во четвртфиналето на Мундијалот.

Според најавите, ќе играме во првиот меч со второпласираната, потоа вториот дуел со првопласираната, и на крајот со третопласираната селекција од групата „Х“.

Пред завршувањето на последниот дуел Белорусија – Словенија вечерва од 18.00 часот, еве каква е ситуацијата на табелата во таа група: Русија 5 бодови, Белорусија 3, Словенија 2, Јужно Кореја 0. Корејците ги загубија шансите после денешниот пораз од Русите со 30:26.

СП: Целта е остварена, Македонија забележа победа против Чиле!