Бугарскиот портал „Спортал.бг“ објави дека македонскиот фудбалер Влатко Дробаров би можел да го облече дресот на Бугарија. Наводно селекторот на бугарската репрезентација Јасен Петров го ставил неговото име во своето тефтерче за фудбалски репрезентативци.

28-годишниот скопјанец настапува за фудбалскиот клуб Черно Море, а во својата кариера играл Вардар, Тетекс, Напредок, Скопје, Беласица, Арил Лимасол, Ал-Медина, Керала. Дробаров поседува Бугарски пасош, а со оглед на тоа дека нема настапи за македонскиот сениорски национален тим, нема никаква пречка да настапи за Бугарија. Има настапи за младинските категории на Македонија, но според новите правила, се додека еден фудбалер не настапи за сениорскиот тим, може да бира за која селекција да настапи.

Како што пренесува порталот, наводно самиот фудбалер изјавил дека не би имал ништо против да заигра за Бугарија доколку добие повик, потенцирајќи дека него не го интересира политика, алудирајќи секако на она што се случува помеѓу двете држави во изминатиот период на полтичката сцена.