Јасни се условите за почеток на преговорите за РСМ, тоа го знаеме сите. Добрите односи со Бугарија се исто така многу важни. Ова во ексклузивното интервју за агенцијата БГНЕС го изјави амбасадорот на Шпанија во Бугарија, Алехандро Поланко, чија земја од 1 јули претседава со Советот на ЕУ, пренесува Трибуна.
Во врска со повиците на дел од политичката елита во Северна Македонија за промена на условите во преговарачката рамка за влез во ЕУ, Поланко изјави дека во РСМ има два важни елементи за ова прашање.
„Пред се, има дијалог меѓу РСМ и Европската комисија. За време на француското претседавање со Советот на ЕУ и првите месеци од чешкото претседателство беше создаден предлог, кој беше прифатен и е на маса“, потсети амбасадорот.
„Од друга страна, има паралелни разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија. Се надеваме дека ќе бидат исполнети сите барања и дека оваа работа ќе оди во најдобра можна насока“, додаде тој. Поланко нагласи дека е добро позната потребата од исполнување на условите за преговори.
„Јасно е дека, од една страна, овие барања мора да се исполнат – тоа сите го знаеме. Исто така, добрите односи меѓу двете земји и близината меѓу нив може многу да помогне да се подобрат можностите за развој на ова прашање“, категорично изјави тој.