Mинистерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се прават напори за побзра набавка на ленти и апарти за дијабетичарите.
– Проблемот со дијабетичарите го знаете, доцнел тендерот. Компанијата има рок од три до шест месеци што уште не е поминат, но нашите напори беа максимални, ја замоливме и компанијата за разбирање за да може побрзо да ги донесе тие ленти и апарати, рече Меџити, во одговор на новинарско прашање за проблемите на дијабетичарите.
Тој во неговата изјава при денешната посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија потсети дека веќе се пристигнати 17 илјади ленти и апарати пред две недели и информираше дека тие веќе се распределени по инсулинските аптеки
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.