Кошаркарите на Денвер нагетс беа подобри од Голден Стејт вориорс со 112-110 и така им се вратија на победите во НБА-лигата, а повторно на паркетот не беше Србинот Никола Јокиќ.

Advertisements

Денвер веќе трет натпревар игра без Јокиќ, а тренерот Мајкл Мелоун негираше дека cрбинот намерно одмара за да биде подготвен за плејофот во НБА-лигата и објасни дека има проблеми со десната нога.

„Ова не е шега. Се трудиме да донесеме паметни одлуки. Најлошо сценарио е тој да заигра и да направи поголем проблем од тој што го има сега. Не смееме да дозволиме да биде отсутен подолг временски период“, кажа Мелоун.

Прикажи повеќе