Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес конференцијата при презентацијата на резултатите од досегашниот проект „Мој ДДВ“ најави дека заедно со министерот за финансии ќе предложат измени во законот за поврат на ДДВ за физички лица. Со тоа како што вели од следната година, односно од 1-ви јануари 2023-та ќе се зголеми лимитот на сумата за поврат на ДДВ од сегашните 1800 денари на 2100 денари за едно тромесечје.