Лука Јовиќ и Анте Ребиќ имаа одлична соработка во Германија.

Ребиќ и Јовиќ формираа одличен тандем во нападот на Ајнтрахт Франкфурт. Двајцата го напуштија клубот, но Јовиќ неодамна се врати, бидејќи пристигна на позајмица од Реал Мадрид.

Ребиќ продолжи во Милано. Интересно, Јовиќ беше поврзан со Милан, но тој реши да се врати во Ајнтрахт и според досега прикажаното, тој дефинитивно не згреши.

„Секако дека ми недостасува Ребиќ, споделивме прекрасни моменти и направивме нешто историски заедно во дресот на Ајнтрахт“, рече Јовиќ во интервју за „Билд“, додавајќи:

„Навистина ми недостасуваше Бундеслигата и среќен сум што се вратив. Подготвен сум за претстојните предизвици“, рече Јовиќ.

loading…