Седумкратниот светски првак и рекордер според бројот на индивидуални победи во Формула 1, Луис Хамилтон, се најде на новогодишниот список на заслужни граѓани, кои британската кралица Елизабета II ги прогласи за почесни витези.

Хамилтон од 2008 година е член на Редот на Британското Кралство (MBE), откако ја освои својата прва титула светски првак, станувајќи, во меѓувреме, најуспешниот возач на сите времиња во Формула 1,

Отсега Хамилтон ќе ја носи титулата Сер како признание за својата дипломатска служба, јавија денеска британските медиуми.

Титулата почесен витез се доделува за поединечни постигнувања и заслуги во служба на Велика Британија и нејзините територии. Списокот на заслужни граѓани, на кој годинава се најдоа 1.239 луѓе од јавниот сектор, здравството, како и социјални работници и актери, ја составува канцеларијата на британскиот премиер, а ја одобрува британската кралица.