Британскиот Ф1-возач Луис Хамилтон истакна дека нема намера да оди во пензија се додека не ја освои осмата титула во најбрзиот автомото спорт со која ќе стане рекордер. Возачот на Мерцедес има седум одличја, исто колку и Михаел Шумахер.
„Не можам да кажам дека сум уморен од спортот или дека ми е здосаден, имам цел – тоа е уште една светска титула. Сакам одмор, повеќе ми годи отколку да работам, но тоа едноставно е изненадување за мене“, изјави Хамилтон.
Хамилтон новата Ф1-сезона ја отвори со десет освоени бода откако заврши како петти на трката за ГН на Бахреин. Следната трка во овој спорт е во Саудиска Арабија и ќе се вози на 19 март.