Финалето од Суперкупот на Аргентина меѓу Бока јуниорс и Расинг не се доигра поради поради комплетен хаос на теренот и огромен број црвени картони.

На крајот, Бока јуниорс остана со шест фудбалери, откако исклучени беа Вила, Варела, Адвинкула, Замбрано, Гонзалес, Фабра и Бенедето, па мечот мораше предвреме да биде прекинат.

И Расинг не остана „покус“, со оглед дека „поцрвенеа“ Карбонеро, Алкараз и Сабелјо. Регуларниот дел заврши 1-1. Бријаско погоди за Бока, а Рохас за Расинг, а потоа се влезе во продолжение во кое „фрчеа“ црвени картони.

Прикажи повеќе