Продолжуваат реакциите во Албанија по веста дека Грција усвоила декрет за проширува на територијалните води за 12 милји во Јонско Море.

Последователна реакција дојде од опозицското Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ), трета по големина партија во земјата, која обвинува дека „премиерот Рама и продал дел од албанските територијални води и оти тоа е негово национално предавство“.

Според вториот човек на партијата Петрит Васили, се случило она на што предупредувале во текот на летото.

Расветлување, истрага и казнување на предавството на Рама со морето, е државна уставна обврска и би била историска лекција за секој што би се осмелил да ги допре, макар и малку, интересите на Албанија. Она што се очекуваше и што јасно го предупредивме во текот на летото годинава се случи, и Рама го продаде албанското море. Изјавите на Рама летово и неговата намерна пасивност, која ги поддржуваше едностраните активности на Грција за 12 милји, беа очигледно ставови што ги предадоа легитимните и неотуѓиви територијални интереси на Албанија, напиша Васили на Фејсбук.

Претходно, остро реагираше и партијата за правда, интегритет и единство (ПДИУ), која побара од премиерот Рама да излезе пред албанските граѓани и да даде објаснувања за тоа каков договор постигнал со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во септември, што му било ветено на таа „погрешна вечера“, а потоа и при посетата на министерот за надворешни работи Никос Дендиас во Тирана.

Извор:МИА