На Ф4 турнирот во Лигата на шампионите (сезона 2019/20) во борбата за третото место ПСЖ на чија клупа е нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез беше подобар од Веспрем со 31:26 (14:11).

За Французите најрасположени беа Недим Ремили и Елоим Пранди со по шест голови, пет имаше Микел Хансен.

Кај Унгарците прв стрелец беше Мате Лекаи со девет голови, а и на денешниот меч македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна два погодоци.

По третпат во својата историја парижани доаѓаат до бронзата, претходно тоа им успеа во 2016 и 2018 година.

Во „Ланксес Арената“ во Келн од 20.30 часот ќе се игра големото финале помеѓу Кил и Барселона.