Екипата на Ливерпул е на врвот на табелата во англиската Премиер лигата по 14 одиграни кола. „Црвените“ се наоѓаат на првото место во пресрет на Божиќ трета година по ред.

Последен пат ваква низа во првенството се случи од 1978 до 1980 година. Тогаш исто така Ливерпул беше во водство.

Во Англија, Божиќ се слави на 25 декември. Ден потоа (Боксинг деј) на програмата е 15-то коло во Премиер лигата.