Вчера во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода 20-годишниот Н.В. од село Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од село Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од село Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот Лишени од слобода мажи во пробиштипско, Неготино и Демир Хисар: возеле пијани, а возачот од пробиштипско предизвикал и сообраќајна незгода е превземен од МАКФАКС.























