Лионел Меси стана светски шампион со Аргентина на Мундијалот во Катар, го одигра турнирот на кариерата и на нацијата и ја донесе толку посакуваната „Божица“. 35. годишниот фудбалер ги оствари сите соништа во фудбалот, но сепак ќе има што да покаже на највисоко ниво, а познато е и каде речиси сигурно ќе игра.

Advertisements

Шпанците тврдат дека Лионел Меси планира да игра уште две години, да се натпреварува на највисоко ниво во дресот на Пари Сен Жермен, со тимот ќе се обиде да ја освои толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а во тек се преговорите околу продолжување на соработката, што според последните информации и ќе се случи. Така Меси и Мбапе во наредните години ќе имаат заедничка цел, освојување на највредниот трофеј во клупскиот фудбал.

Прикажи повеќе