На вечерашните реванш дуели од четвртфиналето, ќе се дознаат полуфиналистите од Лигата на Европа.

Манчестер Јунајтед вечерва треба да има најмалку главоболки. „Црвените ѓаволи“ славеа со 0:2 на првиот натпревар против Гранада, па вечерва бранат огромна предност како домаќини.

Славија Прага има историска можност да се пласира во полуфиналето. По нерешениот резултат 1-1 во Лондон, чешкиот претставник вечерва ќе се обиде да го скалпира славниот Арсенал и да запечати уште една лоша сезона за „топџиите“.

Иако беа поразени на првиот натпревар со резултат 0:1, Динамо сигурно ја бара својата шанса на реваншот против Виљареал. Тимот од Загреб веќе направи одличен резултат, а вечерва доколку ја изненади жолтата подморница, тоа ќе биде огромен бонус за одлична сезона.

И, конечно, во дербито од оваа рунда на натпреварувањето, Рома го пречекува Ајакс. Рома славеше со 1:2 на првиот натпревар, па ќе имаат убава можност да се пласираат во уште едно европско полуфинале.

Сите натпревари започнуваат во 21 часот.