Лидерот на опозицијата на Мали, Сумаила Сисе, кој шест месеци беше во заложништво на џихадистите и се сметаше за водечки кандидат на изборите во 2022 гдина, почина во Париз.

Неговото семејство.соопшти дека 71-годишниот Сисе починал откако се инфицирал со ковид-19.

Тој во март беше заробен од џихадистите поврзани со Ал Каеда. Владата на Мали во октомври издејствува негово ослободување, заедно со француските и со италијанските заложници, во замена за ослободување на околу 200 џихадисти од затворите во Мали.