Ѕвездата од филмот „Џуманџи“ бил жртва на измама во вредност од 1,2 милиони долари…

Личниот асистент и купувач на американскиот актер Кевин Харт (41), Дилан Сајер, е обвинет за кражба на 1,2 милиони долари од сметката на славниот комичар.

Имено, Сејер во средата се појавил пред Врховниот суд во Квинс во Њујорк, каде е обвинет за голема кражба и други девет точки поврзани со проневерување на средствата на актерот.

Сајер започнал да работи за актерот во 2015 година и најпрвин работел чесно.

Меѓутоа, државниот обвинител открил дека Сајер сега ја искористил кредитната картична од актерот со цел да пренесе пари на својата лична сметка. Тој проневерил повеќе од 1,2 милиони долари во периодот меѓу 12 октомври 2017 година и 25 февруари 2019 година.

Фото: Профимедиа

Тој средствата ги трошел на луксузни часовници, накит, дизајнерска облека, колекционерски кукли, уметност, луксузни сместувања, одмор, луксузен начин на живот и сл.

Тој се подзаборавил какви дела извршува, па сите свои луксузни нешта ги изнел на Инстаграм профилот, а оттаму започнале сомнежите.

При претсресот во неговиот дом биле пронајдени 250.000 долари во кеш, додаде обвинителот.

Судењето и пресудата од истото се очекуваат по деталната анализа за штетата која Сајер му ја нанел на познатиот комичар.