Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски постигна два гола на мечот од 12. коло во германскиот шампионат против Волфсбург (2:1). Според прес-службата на Бундеслигата, 32-годишниот играч на Баерн ја надмина границата од 250 постигнати голови.

Левандовски стана третиот играч во историјата на лигата што го сторил тоа.

Претходно, само Герд Милер и Клаус Фишер имаат вакво достигнување кога станува збор за ефикасноста во најквалитетната германска фудбалска дивизија.