Ленин Јовановски, прв човек на „Слобода превоз“, приватни превозници кои држат неколку линии во градското подрачје, на ФБ објави видео од Арсовска порачувајќи: Ви се смее во очи, ве гледа и дрско ве лаже.

Инаку, автобусите на приватните превозници веќе подолго време не сообраќаат, бидејќи како што велат ЈСП им должи 1,5 милиони евра, долг кој не им го исплаќа. Поради тоа тие се во криза и нема да возат додека долгот или барем дел од него не биде подмирен.

Арсовска ги обвинува дека манипулирале со сметките за билетите.